19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook на небото ќе испрати џиновски летала?

Facebook на небото ќе испрати џиновски летала?

dron fb

Познато е дека „Facebook“ веќе подолго време планира со беспилотни летала да го поврзе целиот свет и да доведе интернет до најодалечените места на планетата, но новите детали за проектот звучат како да се дел од научно-фантастичен филм.

Небото на иднината, барем како што тоа го замислуваат луѓето од „Facebook“, би можело да биде дом на огромни беспилотни летала со погон на соларна енергија, кои повеќе месеци, а можеби и години, би биле во воздух и со ласери ќе испраќаат интернет сигнал на земјата.

Директорот за развој, Џил Мегвајер вели дека леталата би биле на голема висина, далеку над комерцијалниот воздушен простор, но и делот на атмосферата во кој временските услови би можеле да прават проблеми.

„Сакаме тие беспилотни летала да бидат во воздух со месеци, а можеби и години. За нив би требало да се размислува како за авионите, затоа што ќе бидат со големина на комерцијалните патнички летала, како што е „Боинг 747“. Еден прототип кој го имаме во лабораторијата е долг како шест или седум примероци на „Тојота Приус“, но ќе биде тежок како четири автомобилски гуми“, вели Мегвајер.

Засега не се знае кога овие летала ќе полетаат, но најавен е барем еден тест-лет во САД во текот на 2015-та година.

На листата на потенцијални земји во кои дроновите ќе функционираат во иднина се Индија и уште 21 земја од Јужна Америка, Африка и Азија, а не се знае како „Facebook“ мисли да го вклопи својот футуристички план во прописите со кои е утврден воздушниот простор во тие земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП