25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКолкава е производствената цена на новиот iPhone 6?

Колкава е производствената цена на новиот iPhone 6?

plus iphone

Новиот „iPhone 6“ во двете верзии веќе е на светските пазари. И додека првите впечатоци се доста контрадикторни, а социјалните мрежи веќе „грмнаа“ од корисниците кои предупредуваат дека смартфонот се свиткува, но тоа не го спречи од него да бидат продадени рекордни 10 милиони единици само во првиот викенд.

Можеби за корисниците ќе биде интересно да дознаат каква е производствената цена на моделот со поголем екран – „iPhone Plus“, кој е првиот фаблет претставен од „Apple“. За тоа се ангажираа од изданието „Teardown.com“ кои даваат проценка за цената на различните компоненти на уредот.

Екранот и „тачскринот“ на смарфонот со екран од 5.5 инчи се проценува на 51 долар. Модулот за поврзување, вклучувајќи, „WIFI“, „Bluetooth“ и друго, е со цена од 40.50 долари. За процесорот на уредот од најновата генерација, „А8“ ја предвидуваат цената од 37 долари.

Камерата на смартфонот најверојатно чини 17.50 долари. Внатрешната и оперативната меморија е со цена од 14 долари. Батеријата на овој уред се проценува на 6 долари. Другите материјали и склопови на смартфонот се проценуваат на 76.50 долари. Па така вкупната цена за изработка на смартфонот се проценува на 242.5 долари.

За споредба, неговиот претходник – моделот „iPhone 5“, беше со цена за изработка од 207 долари, а главниот конкурент, 32-гигабајтниот модел „Galaxy S5“ кој е водоотпорен, е со трошоци за изработка од 256.52 долари.

iphone-costs

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП