
Компанијата Блекбери го претстави својот нов смартфон Паспорт, кој има необичен облик.


Компанијата Блекбери го претстави својот нов смартфон Паспорт, кој има необичен облик.
Телефонот има зголемен дисплеј од 4,5 инчи и резолуција од 1440х1440 пиксели.
Неговите димензии се 128х90,3х9,3 милиметри, а тежината е 194 грама.
Останатите хардверски карактеристики вклучуваат Снапдрагон 800 процесор, 3 GB RAM меморија и 3450 mAh батерија, како и 13 MP камера од задната, односно 2 МР камера од предната страна.
Продажбата на телефонот почнува денеска и неговата цена изнесува 699 долари во слободна продажба, додека со договор ќе чини 249 долари.
Корисниците ќе имаат можност за преземање апликации од Амазон ап стор.