19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКрај лаптопите на Samsung во Еворпа

Крај лаптопите на Samsung во Еворпа

samsung laptop

Светските медиуми ја пренесоа вестта дека компанијата „Samsung“ одлучила од европскиот пазар да ги повлече преносните компјутери.

Со тоа јужнокорејскиот гигант му се придружи на „Sony“ кој во февруари одлучи да го продаде својот бренд на компјутери „Vaio“ и во целост да излезе од пазарот на преносни компјутери (не само во Европа, туку во целиот свет).

„Samsung“ во Европа ќе престане со продажбата на своите лаптопи, што ги вклучува и „Chromebook“ компјутерите. Постоечките лаптопи кои веќе се наоѓаат во продавниците ќе се продаваат по намалени цени се додека има резерви.

Во официјалното соопштение на „Samsung“ се напоменува дека компанијата во иднина ќе продолжи да го следи движењето на пазарот, т.е. по потреба ќе ја ревидираат својата бизнис политика со цел да останат компетитивни на пазарот на лаптопи. Пазарот во западна Европа е едно од најплодните на светот во смисла на продажбата на преносни компјутери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП