23 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИMicrosoft сака Samsung да го замени Android зa WP

Microsoft сака Samsung да го замени Android зa WP

samsung microsoft

Извршниот директор на „Microsoft“, Сатја Недела се сретна со Ли Је-Јонг, претседателот на компанијата „Samsung Electronics“, a двајцата претставници разговарале за проблемите кои двете компании ги имаат, но и за идната соработка и можноста јужнокорејскиот гигант од „Android“ да премине на „Windows“.

Медиумите од Кореја јавуваат дека Недела и Је-Јонг разговарале за „cloud computing“ и мобилните безбедносни платформи, но една од главните теми во врска со патентите, поради кои компаниите беа доведени правдата да ја бараат на суд.

„Microsoft“ неодамна поднесе тужба против „Samsung“ поради тоа што јужнокорејската компанија не ги плаќала таксите за „Android“ телефоните.

„Samsung“ во 2011-та година со „Microsoft“ потпиша договор за взаемно лиценцирање на патенти, што јужнокорејската компанија ја обврза да плаќа такси за секој „Android“ телефон кој ќе го произведе. Иако „Samsung“ не ги испочитува одредбите од договорот, двете компании најверојатно се подготвени за преговори, што докажува и состанокот на двајцата раководители.

Уште една голема тема за која „Microsoft“ и „Samsung“ разговарале се однесува на оперативните системи.

„Samsung“, кој моментално е производител на некои од најпопуларните смартфони на светот, го користи „Android“ оперативниот систем, но ова би можело наскоро и да се промени.

Разговорите меѓу двете компании укажуваат на тоа дека „Samsung“ би можел во иднина да лансира уреди со „Windows Phone“ оперативниот систем, Је-Јонг истакна дека развојот на вакви уреди за специфични пазари може да се реализира. „Microsoft“ не сакаше да ги коментира плановите во врска со тоа дека го убедува „Samsung“ да премине на „Windows Phone“ во наредните години, но ова сигурно е можност која компанијата од Редмонд ќе ја направи задоволна.

„Windows Phone“ и натаму се бори да оствари подобри резултати на пазарот на мобилни оперативни системи, покрај „Android“ и „iOS“, a преминувањето на „Samsung“ нa страната на „Microsoft“, значително ќе ја подобри ситуацијата на ова поле.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП