8 мај, 2024

Huawei Honor Play 4

honor 33

„Huawei“ го претстави својот нов паметен телефон, чии најважни карактеристики се 64-битниот чип, ниската цена и поддршката за „LTE“ мрежата.

„Huawei Honor Play 4“ е „low-end“ уред во кој се наоѓа процесорот на „Qualcomm“ со 64-бита „Snapdragon 410“ (базиран на „Cortex-A53“ дизајнот) чии четири физички јадра работат на такт од 1,4 GHz.

Екранот е од 5-инчи со 720p резолуција, а во уредот има вградено вкупно 1 GB работна меморија и 8 GB меморија за чување на податоци која може да се прошири со „microSD“ картичка. Предната камера е со 2 мегапиксели, додека задната со 8 мегапиксели.

Покрај споменатата „LTE“ поддршка, постои и поддршка за „NFC“ технологијата. Батеријата на овој уред има моќност од 2000 mAh.

Смартфонот ќе се продава по цена која изнесува 130 долари, што е за 50 долари помалку од конкурентскиот „Moto G“ уред (цената се однесува на моделот кој нема поддршка за LTE мрежата).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП