„Apple“ на својата интернет страна наменета за програмерите ги објави податоците за дистрибуцијата на верзиите на „iOS“ на уредите. Дури 46% од уредите ја користат последната верзија на „iOS“ со бројот „8“. „Apple“ статистиката ја темели на застапеноста на уредите кои се приклучиле на „App Store“ на 21-ви септември.
Податокот е интересен особено ако се земе во предвид дека „iOS 8“ е достапен помалку од една недела. Големиот удел, односно 49%, го сочинуваат уредите со „iOS 7“, додека преостанатите 5% се на постарата верзија на „iOS“.
Сопствениците на старите „iPhone“ не им се препорачува надоградба на „iOS 8“ поради недостатокот на новитети, како и многу побавната работа на уредот.
За споредба, „Android KitKat“ кој е достапен десет месеци се наоѓа на 25% од уредите со овој оперативен систем на „Google“.