28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКомпаниите ќе добијат помош од Watson (видео)

Компаниите ќе добијат помош од Watson (видео)

watson 223

„IBM“ ја стартуваше услугата „Watson Analytics“, со која на компаниите им го нуди својот суперкомпјутер „Watson“ како помош во работењето.

Корисниците можат по пат на „Watson Analytics“ да поставуваат прашања на природен јазик, а би требало скоро во истиот момент да добија одговори во лесно разбирлив формат.

Пример, може да се постави прашањето – „колкава е чистата добивка и загуба во регионот“, а скоро во истиот момент ќе се појави карта со табели во кои лесно можат да се видат бараните податоци.

Од „IBM“ истакнуваат дека главните предности на „Watson“ се можноста за набљудување, укажување на примерите и нудење одговори на прашањата за кои ниту сме знаеле дека сакаме да ги поставиме. За пронаоѓање на соодветните одговори „Watson“ ја користи статистиката и пребарувањето на големи количини на податоци кои му овозможуваат да донесе заклучок што навистина се случува во работењето на некоја компанија.

„Watson Analytics“ моментално е во тест верзија и бесплатно им се нуди на заинтересираните корисници на 30-дневен пробен период.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП