19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНовиот iPhone соборува рекорди!

Новиот iPhone соборува рекорди!

iphone 6 cek

Компанијата „Apple“ соопшти дека за првите три дена од продажбата ширум светот веќе се купени 10 милиони примероци од телефоните „iPhone 6“ и „iPhone 6 Plus“, а со тоа е поставен нов рекорд во продажбата.

Пред една гоина, „Apple“ за истиот период продаде 9 милиони уреди од тогаш новите телефони „iPhone 5C“ и „5S“.

Извршниот директор на „Apple“, Тим Кук изјави дека побарувачката за новите смартфони ги надминува нивните очекувања.

Најниската цена по која новиот „iPhone“ моментално може да се купи во САД изнесува 199 долари со две години договор со некој мобилен оператор.

Новите примероци на „iPhone“ засега се досапни во САД, Австралија, Канада, Франција, Германија, Хонг Конг, Јапонија, Порторико, Сингапур и Велика Британија. Во уште дваесет други земји ќе пристигне на 26-ти септември, додека до крајот на годината овој список ќе биде значително проширен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП