среда, 1 февруари 2023
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИAsus очекува раст на испораката на PC компјутери

Asus очекува раст на испораката на PC компјутери

asus rast 22243

Компанијата „Asus“ очекува почнувајќи од 2014-та секоја година да оствари раст на испораките на персонални компјутери од 15%. Во идните пет години вкупната испорака на десктоп и преносни компјутери заедно ќе достигне бројка од 50 милиони.

Големо влијание на испораките на компјутери ќе има и специјалната линија на „Asus“ – „Republic of Gamers“ (ROG)  за декстоп и преносни компјутери, т.е. различни периферии наменети за играчите, а со тоа настојуваат да конкурираат на сличната серија на производи на компанијата „MSI“.

„Asus“ неодамна во Тајван го претстави десктоп компјутерот за играчи од серијата „ROG“ кој се нарекува „G20“, а кој вклучува „Intel Core i7“ процесор од четвртата генерација и графички компонент во видот на „Nvidia GeForce GTX 750 GPU“. Компјутерот се продава по цена од 1159 долари.

Покрај десктоп компјутерот, нови ченови на „ROG“ линијата за производи за играчи се уште еден компјутер – „GR8“, мониторот „Swift PG278Q“ и лаптопот „G551JM“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП