20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЛоши резултати од продажбата на iPhone 6 Plus

Лоши резултати од продажбата на iPhone 6 Plus

plus 333

Досега за новите модели на „iPhone 6“ се знае се што треба да се знае, големината на екранот, спецификациите, и за љубителите на овој смартфон најважниот податок, дека истиот на 19-ти септември е пуштен во продажба.

Како и секогаш кога е во прашање најновиот модел на „iPhone“, продажбата започна сосема добро, ако не и одлично. Меѓутоа ова е прв пат „Apple“ да претстави два различни модели (не сметајќи ги минатогодишните модели „5S“ и „5C“) кои овој пат се разликуваат и по големината на екранот. Познато е дека „класичниот“ модел доаѓа со екран од 4.7 инчи, додека верзијата „Plus“ има екран од 5.5 инчи.

Аналитичката компанија „MixPanel“ поради тоа одлучи да провери кои од овие модели подобро се продава, односно кој модел корисниците повеќе го преферираат, тој со помалиот екран или тој со поголемиот. Според првите продажни извештаи се чини дека корисниците на „Apple“ уредите не сакаат голем екран или пак „Apple“ можеби се прецени со 5.5 инчниот „Plus“ модел на „iPhone 6“.

Имено извештајот покажува дека за помалиот 4.7 инчен модел на „iPhone 6“ владее многу поголема побарувачка, отколку за неговиот поголем брат. Причините за тоа можат да бидат многу. Покрај споменатите две, третата за лошата продажба на моделот „Plus“ може да биде тоа што тој се уште е достапен во ограничени количини. Сепак, треба да се напомене дека ова се само првите продажни резултати, т.е. ситуацијата може за некој ден да се промени во корист на поголемиот модел.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП