16 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolvo XC90: Дали ви се допаѓа спортскиот дизајн? (фото)

Volvo XC90: Дали ви се допаѓа спортскиот дизајн? (фото)

xc90 r

„Volvo“ досега новиот „XC90“ го претстави во две верзии – со изострен дизајн на надворешноста и робустен изглед на екстериерот. На ред дојде третата во низа, „R-Design“ верзија, која на овој „SUV“ модел му носи спортски имиџ.

„Volvo XC90 R-Design“ не се разликува од останатите верзии според механичките карактеристики, спецификациите на моторот и перформансите.

Меѓтуоа, ако се одлучи за овој модел, купувачот добива возило со агресивен изглед, благодарејќи на новата маска на ладилникот, различните браници, поголемите специјално дизајнирани алуминиумски бандажи, благо нагласените лакови околу тркалата и други дискретни аеродинамички додатоци.

xc90 r1

Куќиштата на надворешните ретровизори се во мат сребрена боја кои се во согласност со шините на покривот.

Внатрешноста е опремена со спортски седишта со подобри странични потпирачи, команди за промена на брзината на воланот и спортски металик педали на ножните команди.

Изборот на мотори останува ист како и кај останатите верзии на „Volvo XC90“.

xc90 r2

На располагање се нови 2.0 литарски четирицилиндарски бензински и дизел „Drive-E“ единици кои се движат од 193 ks (142 kW), колку што развива најслабиот дизелаш, па до 325 ks (239 kW) во најмоќната „T6“ бензинска верзија.

Во врвот на понудата се наоѓа „T8 Plug-in“ хибрид кој покрај 2.0-литарскиот четирицилиндарски турбо-бензинец има и електромотор од 82 ks (60 kW). Вкупната комбинирана моќ на погонскиот систем достигнува 405 ks (298 kW), a максималниот вртежен моменет е 640 Nm.

xc90 r3

„Volvo“ ќе започне да прима нарачки за „XC90 R-Design“  oд октомври, но првите купувачи на испораката на своите возила ќе мораат да чекаат до мај 2015-година.

Компанијата не соопшти колку ќе чини оваа верзија, но познато е дека почетната цена на „Volvo XC90“ изнесува 62.456 eвра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП