20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИДали знаете што содржи вашиот смартфон? (видео)

Дали знаете што содржи вашиот смартфон? (видео)

elementi telefon

„Колку знаете за парчето технологија кое се наоѓа во вашиот џеб?“, прашува „American Chemical Society“ на својот „YouTube“ канал „Reactions“.

Иако „iPhone 6“ дури сега полека пристигнува во рацете на корисниците, компонентите во него помалку или повеќе се слични како на сите други паметни телефони – кога ќе се спореди користењето на хемиските елементи.

Во класичен паметен телефон се наоѓаат околу 300 милиграми сребро и околу 30 милиграми злато, но и многу мали количини на многу ретки елементи како празеодиум, годолиниум и тербиум. Но, што е со она „јонски засиленото стакло“ кое го споменува „Apple“?

Верувале или не – станува збор за релативно едноставно „капење“ во калиум пред уредот да биде склопен.

Сепак, само за златото и среброто кое се користи во паметните телефони во една година се трошат повеќе од 2.5 милијарди долари.

„Можеби изгледа само како парче стакло, но екранот на вашиот смартфон содржи прилично ретки елементи“, се наведува во видеото:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП