28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИOва е најдобриот евтин смартфон?

Oва е најдобриот евтин смартфон?

redmi 1s

„Apple“ можеби се надева дека ќе го зголеми својот удел на пазарот во Кина, но американската компанија се соочува со сериозна конкуренција во лицето на локален имитатор – компанијата „Xiaomi“, позната уште како „кинескиот Apple“.

Компанијата „Xiaomi“ успеа да стане лидер во продажбата на кинескиот пазар во вториот квартал од годината, а со тоа си го обезбеди и петтото место како најголем светски производител. Уделот на продажбата на компанијата на кинескиот пазар изнесува 14%, пред локалните компании како „Lenovo“ и „Huawei“, кои се со значително поголема продажба на меѓународните пазари.

Компанијата е толку успешна што еден од нејзнините моделите – „Xiaomi Redmi 1S“, стана четвртиот најпродаван телефон во светот. Моделот „Redmi 1S“ е исклучително популарен не само во Кина, но и во Индија, а пред извесно време 40.000 примероци од него се продадени во рок од само 4.2 секунди.

Моделот „Redmi 1S“ е паметен телефон со две „SIM“ картички, кој има 4.7-инчен екран со резолуција од 720 х 1280 пиксели. Тој е тенок само 9.9 мм, а притоа тежи 158 грама. Моделот е со процесор „Qualcomm Snapdragon 400“, како и графички процесор „Adreno 305“.

Располага со 1 GB RAM меморија и 8 GB внатрешна меморија. Задната камера е од 8 мегапиксели, а предната од 1.6 мегапиксели. Батеријата му е релативно моќна – 2050 mAh.

Најзабелижителното во оваа конфигурација, сепак е нејзината цена. Моделот чини малку над 150 долари. Од „Xiaomi“ ги објавија плановите дека сакаат да го „нападнат“ пазарот во Северна Америка во текот на следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП