25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗИ Citroen има возило со потрошувачка од 2L/100 km (фото)

И Citroen има возило со потрошувачка од 2L/100 km (фото)

c potrosuvacka

Откако „Peugeot“ и „Renault“ ги претставија своите концептни возила со ултра ниска потрошувачка, тоа го стори и третиот француски производител, „Citroen“.

Со цел да се намали загадувањето на воздухот во Франција, владата на оваа земја на производителите на автомобили им постави задача до 2020-та година да произведат сериски модел со просечна потрошувачка од 2l/100 km.

„Peugeot“ и „Renault“ веќе најавија дека ќе го искористат претстојниот меѓународен саем за автомобили во Париз, за на домашен терен да прикажат што досега сториле во врска со ова прашање.

c potrosuvacka1

„Citroen“ на овој саем исто така ќе го претстави штедливиот автомобил – концептот „C4 Cactus Airflow 2L“.

Концептот е заснован на продукциската верзија на моделот „C4 Cactus“. За да се постигне посакуваната потрошувачка, намалена е масата на возилото и подобрена е неговата аеродинамика.

„C4 Cactus Airflow 2L“ е за 100 kg полесен од сериската верзија, што значи дека неговата маса изнесува само 865 kg. За да постигне ваков резултат, одредени конструктивни делови на возилото се заменети со компоненти од полесен материјал, како што се јаглеродни влакна, алуминиум, поликарбонат.

c potrosuvacka2

Оптимизацијата на аеродинамичките карактеристики на автомобилот се постигнати благодарејќи на промената на дизајнот на браникот, крилата, праговите, надворешните ретровизори, како и употребата на специјален поклопец на тркалата и панелот кој го покрива долниот дел на возилото.

„Citroen“ тврди дека на тој начин се подобрени аеродинамичките својства за 20 проценти во однос на серискиот модел.

c potrosuvacka3

За погон е користена „Hybrid Air“ технологијата која „Peugeot“ веќе ја демонстрираше на својот концепт, „208 HYbrid Air 2L“.

Станува збор за хибриден погонски систем кој се состои од 1.2-литарски „PureTech 82“ бензинец кој произведува 82 ks, хидраулична пумпа и резервоар со компримиран воздух.

c potrosuvacka4

За разлика од возилото кое го претстави „Peugeot“, каде моќта на тркалата се пренесува со помош на мануелен менувач, „Citroen“ употреби автоматска трансмисија.

Концептот „C4 Cactus Airflow 2L“ е во состојба да се движи на три начини: само со помош на компримиран воздух (во „Air Power“ режимот), само на бензин и во комбиниран режим кога автомобилот користи истовремено два извори на енергија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП