22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТрадиционално одбележан почетокот на новата академска година 2014/2015 на Универзитет Американ Колеџ...

Традиционално одбележан почетокот на новата академска година 2014/2015 на Универзитет Американ Колеџ Скопје

acetat

На 17-ти Септември свечено беше обележан почетокот на новата академска година на Универзитет Американ Колеџ Скопје.

На церемонијата која се одржа во Александар Палас со почеток од 19 часот студентите имаа можност да ги запознаат идните професори и да слушнат инспиративни и мотивирачки  говори од еминентните гости.

Мишел Османли извршен директор на американската стопанска комора во Македонија даде инспиративен говор за новозапишаните студенти за тоа со што ќе се соочат при студирањето и како да ја исполнат својата животна мисија.

Инспиративен и мотивирачки говор преку примери присутните студенти слушнаа и од обраќањето на г-дин Антони Пешев претседател на собранието на стопанска комора на Македонија.

Студентот на генерација Теодора Арсова го сподели своето искуство во УАКС и како истото и помогнало во остварување на животната мисија.

amrikanooo

Д-р Марјан Бојаџиев исто така се обрати и им честиташе на новозапишаните студенти што го избрале единствениот меѓународно акредитиран универзитет во земјава со желба за сите новозапишани студенти да се надградуваат со интерес и желба за завршување на високото образование со што поголем успех и со совет да ги абсорбираат во текот на студиите сите информации, знаења и искуства бидејќи ја имаат таа можност да учат од најдобрите.

Ректорот, Д-р Марјан Бојаџиев заедно со сите студенти присутни ја прочитаа студентската заклетва и така академската почетна година на УАКС беше официјално отворена.

amiroo

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП