9 декември, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook сака да биде побрз од Twitter

Facebook сака да биде побрз од Twitter

fb twitter

Компанијата „Facebook“ ги откри плановите за забрзување на „News Feed“ со цел оваа популарна друштвена мрежа да биде побрза од „Twitter“. Фокусот ќе биде на актуелните теми, кои луѓето ќе ги лајкнуваат и коментираат, а таквите теми ќе бидат на врвот на „News Feed“, додека се релевантни.

„Facebook“ се уште заостанува зад својот најголем ривал – „Twitter“, затоа што корисниците ги забележуваат постовите на својот „News Feed“ откако одредена тема повеќе не е актуелна, како што се телевизиските емисии и спортските настани.

Првите тестови покажаа позитивни резултати, затоа што е забележано зголемување од шест проценти од корисниците кои реагираат на постовите.

„Корисниците реагираат на постовите веднаш кога ќе бидат објавени, а не неколку часа подоцна. Ова покажува дека постот е многу интересен непосредно откако е објавен или со многу мало задоцнување. Со оглед на овие факти, актуелните теми ќе се појавуваат на врвот на „News Feed“ претходно“, беше соопштено од „Facebook“.

Наведените промени веќе може да се забележат кај одреден број на корисници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП