11 октомври, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИAmazon претстави неколку нови уреди

Amazon претстави неколку нови уреди

amazon uredi 2330

„Amazon“ претстави пет нови претставници од „Kindle“ серијата на уреди. Првиот уред е таблетот „Kindle Fire HDX 8.9“. Тоа е уред со 8.9-инчен екран со резолуција од 2560 x 1600 пиксели, процесор „Qualcomm Snapdragon 805“ на такт од 2.5 GHz и чип „Adreno 420 GPU“.

Системот за звук доаѓа во форма на два стерео „Dolby Digital Atmos“ звучници, додека задната камера е од 8 мегапиксели. Постои поддршка за „MIMO“, „802.11ac Wi-Fi“, како и за „4G LTE“ мрежата. Уредот ќе се продава во верзии со 16, 32 и 64 GB внатрешен простор за чување на податоци.

Продажбата на таблетот „Kindle Fire HDX 8.9“ ќе започне на 21-ви октомври. Почетниот модел ќе има цена од 379 долари, а најскапиот со поддршка за „4G LTE“ и 64 GB меморија ќе има цена од 600 долари.

„Kindle Fire HD“ доаѓа во две верзии, со 6-инчен и 7-инчен екрани кои ќе имаат иста резолуција од 1280 x 800 пиксели. Останатите спецификации се исто така идентични, па станува збор за процесор со четири јадра од кои секој работи на такт од 1,5 GHz, 2 мегапикселна задна камера, 8 или 16 GB внатрешен простор за чување податоци, како и поддршка за „Wi-Fi“. Најевтиниот модел со 6-инчен екран и 8 GB ќе чини 99 долари, додека 7-инчниот модел со 16 GB внатрешен простор ќе чини 159 долари.

Останатите претставени се „Kindle Fire HD Kids Edition“ (верзија на „Fire HD“ таблетот прилагоден за деца, исто така со екран од 6 и 7-инчи), новиот стандарден 6-инчен „Kindle“ со „e-ink“ екран и 4 GB меморија кој пристигнува на 2-ри октомври, како и „Kindle Voyage“ кој има 6-инчен екран во новата „Carta e-ink“ технологија (екран со 300 ppi и прилагодливо предно осветлување“, т.е. „Wi-Fi“ и 3G поврзаност по цена од 199 долари (зa „Wi-Fi“ верзијата) или 269 долари (зa 3G верзијата).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП