23 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОсвежениот iPad пристигнува за еден месец?

Освежениот iPad пристигнува за еден месец?

ap znak

„Apple“ е подготвен за претставување на новиот „iPad“, тврдат блиски извори од компанијата. Манифестацијата на претставувањето треба да се одржи на 21-ви октомври 2014-та година, точно една година по претставувњето на актуелната верзија на таблетот.

Според очекувањата ќе бидат претставени нови верзии на „iPad mini“ и „iPad Air“, но поголеми промени на уредите не се очекуваат. Наместо тоа, понудени ќе бидат вообичаените подобрувања во вид на подобар хардвер и интерни компоненти.

Не се исклучува можноста да биде претставен и претходно споменатиот „iPad Pro“ со поголем екран, тврдат извори.

Исто така, веднаш по завршување на манифестацијата ќе биде достапен и „OS X Yosemite“ во финално издание, кој во јавно бета тестирање е од јуни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП