26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАОтсега iOS 8 достапен за превземање (видео)

Отсега iOS 8 достапен за превземање (видео)

iOS_8_gen

„iOS 8“ сега може и официјално да се превземе за „iPhone“, „iPad“ и „iPod touch“ уредите.

Потребно е да се влезе во „Settings“, „General“ и потоа во „Software Update“, a оваа надградба може да се изврши и преку компјутер и „iTunes“ програмата.

Треба да знаете дека надоградбата бара дури 5.7GB слободен простор (6.9GB зa „iPad“), па така ќе морате да избришете некои апликации доколку сакате да го инсталирате „iOS 8“, а тие ќе можете повторно да ги превземете со оглед дека надоградбата го бара овој простор само привремено.

iOS 8“ го има „HealthKit“ кој може да се користи за фитнес апликации со цел подобро да го следи вашето здравје и навики. Тука и опцијата „Family Sharing“ за делење на содржините со домашните, како и унапредување на нотификациите, „Spotlight“ пребарувањето и можноста за додавање на тастатура.

Оваа верзија на оперативниот систем во целост ќе биде искористена кога следниот месец ќе се појави „OS X Yosemite“, и кога ќе биде овозможено префрлување на повиците и пораките од телефонот на компјутер, како и подобрениот „iCloud“ за складирање на податоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП