28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИДруштвена мрежа само за богати

Друштвена мрежа само за богати

drustvena mreza bogati24

Богатите луѓе кои имаат вишок пари обично се дружат со луѓе слични на нив, а тоа сега ќе можат да го прават и на Интернет. Вчера за тие намени беше стартувана нова друштвена мрежа, „Netropolitan“, која се позицираше токму во тој сегмент – пристап до неа да имаат само богатите.

Тие таму ќе уживаат во сигурна околина во која ќе се почитува нивната приватност, а нема да им додеваат ниту реклами, ниту малтретирањето од други корисници. „Netropolitan“ ќе им понуди модернизирање на сите содржини, како и секогаш достапна услуга за корисниците.

Оваа мрежа ќе биде достапна за сите популарни мобилни и десктоп платформи, а корисиците ќе можат да ја користат за лични, бизнис или било какви други намени, како и било која друга друштвена мрежа.

Тоа што навистина е единствено кај „Netropolitan“ е начинот на изборот на клиенти. За отворање на кориснички профил и правата година се плаќа чланарина од дури 9.000 долари, додека потоа годишната претплата би требала да изнесува 3.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП