25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИМобилната тастатура на Microsoft за сите (видео)

Мобилната тастатура на Microsoft за сите (видео)

mic tastatura 384

„Microsoft“ полека се претвора во производител на услуги и уреди каде „Windows“ не е во фокусот, туку станува платформа рамноправна со останатите. Уште еден таков производ е „Universal Mobile Keyboard“.

Оваа тастатура е наменета за користење со мобилните уреди кои имаат „Android“, „iOS“ и „Windowѕ“ (иронично, но не и со „Windows Phonе“, барем засега). Изборот на платформата со која тастатурата ќе комуницира по пат на „Bluetooth“ се извршува преку физички копчиња.

Полната батерија нуди и до шест месеци автономија, а само десет минути полнење е доволно за целодневно користење.

Препорачаната продажна цена на тастатурата за американскиот пазар изнесува 80 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП