20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕвропската премира на новата Honda Jazz ќе се случи во Париз

Европската премира на новата Honda Jazz ќе се случи во Париз

jazz 333

Една година по претставувањето во Јапонија, новата „Honda Jazz“ ќе има европска премиера на саемот за автомобили во главниот град на Франција.

„Honda“ одлучи третата генерација на моделот „Jazz“ постепено да ја воведува на различни светски пазари. Во Јапонија овој автомобил почна да се продава во есента 2013-та, а на северноамериканскиот пазар во летото 2014-та.

За европската промоција е избран авто-саемот во Париз. Сепак, купувачите во Европа ќе мораат да почекаат до летото 2015-та, кога новиот „Jazz“ ќе пристигне во продажните салони во овој дел од светот.

Поради големите временски разилики меѓу премиерата и почетокот на продажбата, моделот „Jazz“ кој ќе биде прикажан на париската публика ја има ознаката „прототип“, иако станува збор за автомобил кој нема да се разликува од продукциската верзија.

jazz 3334

Третата генерација на „Hondа Jazz“ е подолга од претходната верзија на овој модел за 15 mm, додека меѓуосовинското растојание порасна за 30 mm, што ќе допринесе за поголем комфор во кабината. Јапонскиот производител соопшти дека ја подобрил суспензиајта, што ќе влијае на тоа возењето во новиот „Jazz“ да биде поудобно од претходно.

Со оглед на тоа дека до почетокот на продажбата не дели скоро една година, „Honda“ не објави многу технички детали.

Потвредено е дека „Jazz“ ќе има 1.3-литарски „i-VTEC“ бензински мотор, додека наместо петстепениот, моќта ќе се пренесува на тркалата со помош на шестстепен мануелен менувач. Како опција ќе биде достапен и менувач со континуално-варијабилен пренос (CVT).

Повеќе детали ќе бидат познати на 2-ри октомври, кога во Париз ќе се одржи презентацијата на новата „Hondа Jazz“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП