27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИБројот на интернет страни во светот надмина една милијарда

Бројот на интернет страни во светот надмина една милијарда

internet strani 383

Бројот на интернет страни во светот веќе надмина 1 милијарда. Тој и продолжува да расте со брзо темпо, според податоците кои се ажурираат во реално време од онлајн тракерот „Internet Live Stats“.

Тим Бернерс-Ли, кој се смета за татко на Светската мрежа, го објави ова достигнување на „Tiwtter“ – еден од најпознатите растечки сајтови. Ова достигнување е забележено во позадината на активностите на Агенцијата, одговорна за управувањето на адресите на интернет, која ги проширува можностите далеку надвор од најпознатите домејни „.com“ и „.net“, за да обезбеди повеќе онлајн место за зголемување на бројот на интернет страни.

Светската мрежа наполни 25 години во април 2014-та година. Таа се раѓа од идејата на Бернерс-Ли, кој тогаш бил непознат компјутерски научник во европска лабораторија по физика.

Бернерс-Ли работел во лабораторијата на „CERN“ во Швајцарија, каде што измислил начин за полесен пристап до датотеки во поврзани компјутери, со што се вложува во основните на светскиот феномен кој влегува во животот на многу луѓе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП