19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗJeep го откри изгледот на новиот Cheeroke

Jeep го откри изгледот на новиот Cheeroke

jeep

Автомобилскиот гигант „Jeep“ ги објави фотографиите од моделот „Cherokee“ за 2014-та година, пред авто-саемот во Њујорк.

На сликите, тие се обидуваа да го претстават моделот во најдобро светло, што можеби не беше така лесна задача. Сепак крајниот резулатат е повеќе од добар.

На фотографиите може да се види  опремената варијанта на моделот со повеќе украси во рамките на каросеријата отколку на некои модели кои претходно беа прикажани на интернет.

jeep 1

И покрај тоа што дизајнот на моделот „Cherokee“ е контроверзен, можеме да видиме дека тој има закривена решетка кај моторот, тенки светла и уникатна хауба. Исто така, возилото поседува хромирани украси, како и други додатоци кои допринесуваат на неговата упадливост.

„Jeep“ несакаше да ги објави спецификациите поврзани со моторот, но според шпекулациите можеме да очекуваме 2.4 литарски „TigerShark“ четирицилиндричен мотор, како и 3.2 литарски V6 мотор.

jeep 2

Исто така, можно е за европскиот пазар да бидат достапни и 2.0 литарски и 3.0 литарски дизел мотори. Без оглед на финалната понуда,  од „Jeep“ велат дека ќе имаат најдобар производ во класата на можностите, динамиката и подобрената економичност на потрошувачката на гориво за дури 45 проценти повеќе во однос на претходните модели.

Моделот 2014 „Jeep Cherokee“ ќе се гради во фабриката на оваа компанија во градот Толедо во американската држава Охајо, а продажбата би требала да почне во третиот квартал од 2013-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП