4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИВо текот на оваа година ќе бидат испорачани 1.2 милијарди смартфони

Во текот на оваа година ќе бидат испорачани 1.2 милијарди смартфони

smartphone_23041

Истражувачката компанија „Juniper“ објави резултати според кои испораката на смартфони ширум светот оваа година ќе достигне 1.2 милијарди единици.

Ова е зголемување од 19 проценти во однос на 2013-та година. Иако најголемиот дел од овие испораки ќе доаѓаат од страна на развиените пазари, на производителите на телефони се повеќе важни им стануваат и пазарите во развој. Разликата меѓу овие два пазари се намалува, што е последица на зголемената продажба на евтини телефони (помеѓу 75 и 150 долари), како и ултра евтините модели (под 75 долари).

„Apple“ и „Samsung“ доминираат со учество од 45 проценти во глобалната испораки на смартфони во оваа година. Иако, забележано е дека двете компании имале пад на испораките во текот на јули– „Samsung“ од 32.6 отсто на 25.2 проценти, додека „Apple“ имал пад на 11.9 проценти од 13.4 oтсто.

Од друга страна, тука се компаниите кои имале добар период, а меѓу нив најмногу се истакнува кинески „Xiaomi“, кој остварил раст од 1.8 oтсто на 5.1 проценти во испораката на телефони и сега е петтиот најголем производител на смартфони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП