25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИТрансфер на пари со помош на Twitter

Трансфер на пари со помош на Twitter

pari twitter transfer

Француската банка „BPCE“ ќе стане првата банка во светот која на своите корисници ќе им овозможи префрлување на парични средства по пат на една друштвена мрежа.

Од следниот месец клиентите на оваа банка кои поседуваат профил на „Twitter“ ќе можат на било кој сопственик на сметка во било која француска банка да му уплатат паричен износ и тоа со испраќање на еден „tweet“.

„BPCE“ оваа услуга ќе ја реализира со својата компанија (ќерка) „S-Money“, која ја изработила апликацијата за ваквиот начин за трансфер на пари.

Корисникот ќе мора да го внесе износот кој сака да го уплати на сметка и „Twitter“ профилот на примателот. Тогаш примателот ќе добие единствен „URL“ преку кој ќе може да ја превземе уплатата.

Оваа услуга заеднички ја претставија директорот на споменатата банка Жан-Ивес Форел и првиот човек на „Twitter“ за Франција, Оливер Гонзалес. Од двете компании се надеваат дека оваа услуга ќе заживее меѓу корисниците на друштвената мрежа и ќе донесе целосно нова димензија во користењето на оваа друштвена мрежа, како и банкарските услуги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП