25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНаскоро ќе пристигне првиот Ubuntu смартфон

Наскоро ќе пристигне првиот Ubuntu смартфон

ubuntu h999

Најновите информации од светот на „Ubuntu“ и компанијата „Canonical“ говорат дека наскоро (конечно) ќе го видиме смартфонот со „Ubuntu Touch“ оперативниот систем.

„Canonical“ уште од почетокот на февруари (оваа година) договори соработка со кинеската компанија „Meizu“ и се чини дека нивниот најнов смартфон „Meizu MX4“, ќе биде тој кој конечно ќе го донесе „Ubuntu“ на мобилните телефони. Иако и претходно се појавуваа различни шпекулации во врска со ова, двете компании мудро молчеа.

Меѓутоа сега од „Meizu“ потврдија дека нивниот „MX4“ ќе биде подготвен најдоцна декември оваа година, т.е. дека истиот ќе се темели на „Ubuntu Touch OS“. Што се однесува до хардверските спецификации, „Ubuntu Touch“ верзијата ќе биде идентична на „класичната“ верзија на „Android“, додека единствената разлика ќе биде софтверскиот дел.

Како што стојат работите, првиот „Ubuntu Touch“ смартфон ќе има осумјадрен „MediaTek“ процесор „MT6595 SoC“, 2 GB RAM, дo 64 GB простор за чување на податоци, камера со резолуција од 20.7 MP (задна) и 2 MP (предна), како и „IPS“ екран со големина од 5.3-инчи и резолуција од 1920 x 1152 пиксели.

Дали плановите на „Canonical“ за смартфоните со „Ubuntu Touch“ овој пат навистина ќе се реализираат ќе видиме за некој месец, затоа што декември и не е така далеку.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП