28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИWhatsApp добива гласовни повици

WhatsApp добива гласовни повици

glasovni whatsapp

„WhatsApp“ e една од најдобрите апликации за размена на пораки, а се чини дека наскоро ќе биде уште подобра, затоа што истата ќе добие и нова можност – гласовни повици.

Иако за гласовните повици по пат на „WhatsApp“ се „шушка“ веќе од февруари оваа година, кога истите ги најави Јан Куом (WhatsApp CEO), досега на ниту една од планираните платформи (iOS, Android, BlackBerry, Windows Phone) не ја доби оваа можност.

Но изгледа дека на чекањето му дојде крајот, па оваа функција ќе пристигне наскоро, барем според најновата надоградба на „WhatsApp“ апликацијата за „iOS“ оперативниот систем. Програмерите додале предупредување кое се појавува со секое стартување на апликацијата (ако пред тоа не сте го одобриле „WhatsApp“ пристапот до микрофонот) во кое се наведува дека апликацијата бара пристап до микрофон со цел да се испраќаат гласовни пораки, да се снимаат звучни видео записи, т.е. да се извршуваат гласовни повици.

Иако се уште не пристигна и официјална потврда за оваа нова можност, се чини дека истата е веќе дел од оваа апликација, но поради потребното дополнително тестирање се уште не е активирана. Ваквото известување засега се појавува само на уредите кои го користат оперативниот систем „iOS“, што значи дека корисниците на „iOS“ ќе бидат првите кои ќе можат да извршуваат гласовни повици преку „WhatsApp“ апликацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП