5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИTAG Heuer подготвува паметен часовник

TAG Heuer подготвува паметен часовник

tag heuer smart

Швајцарскиот производител на луксузни часовници „TAG Heuer“ има планови за производство на сопствен паметен часовник, изјави директорот на оваа компанија Жан-Клод Бивер.

Оваа компанија, која инаку е во сопственост на корпорацијата „LVMH“, има план за лансирање на паметен часовник кој сигурно нема да биде копија на „Apple Watch“, потенцираше Бивер.

Според неговите зборови, овој производ би требало во продавниците да се појави најдоцна до пролетта следната година, а најверојатно ќе биде претставен на саемот за часовници во Базел.

Тоа сигурно ќе биде првиот вистински одговор на тврдењето на главниот дизајнер на „Apple“, Џони Ив, дека швајцарските производители на часовници ќе се најдат во проблеми единствено кога нивниот „Apple Watch“ ќе стартува со продажба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП