25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПретставен првиот Android One телефон

Претставен првиот Android One телефон

android one 244

„Google“ го претстави првиот смартфон на платформата „Android One“, верзија на оперативен систем која е прилагодена за пристапните телефони со скромни хардверски карактеритики.

Првото лансирање е поврзано за индискиот пазар, каде локалните оператори ќе го дистрибуираат телефонот со 4.5 инчен екран со 1GB RAM, процесор на 1,3GHz и слод за две „SIM“ картички. Ваквиот уред би требало да чини околу 105 долари.

„Android One“ платформата ќе биде под капата на „Android“, без прилагодување на производителите на хардвер, а тоа значи и дека „Google“ ќе може директно да испорачува нови верзии на софтверот. Со тоа би требало да се избегнат ситуациите во кои корисниците на евтини телефони остануваат „заглавени“ на старите верзии на софтверот, затоа што производителите со голема брзина обезбедуваат нови верзии за оние со поскапи модели.

По Индија, „Android One“ смартфоните би требало да пристигнат во јужноазиските земји, како што се Индонезија и Филипини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП