24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИMicrosoft тврди дека Surface Pro 3 е скоро секаде распродаден

Microsoft тврди дека Surface Pro 3 е скоро секаде распродаден

mic surface pro 3

Таблетот на „Microsoft“ – „Surface Pro 3“ речиси насекаде е распродаден, а тоа е последица на големата побарувачка на уредот. А компанијата ова можност ја искористи на корисниците да им вети дека ќе пласираат уште уреди во продавниците, а и да се пофали со добрата продажба.

„Microsoft“ го лансираше „Surface Pro 3“ во мај, а јавното дебитирање на уредот на 25 пазари надвор од Америка беше во август.

„Microsoft“ призна дека се бори со лимитирана количина на таблети достапни на некои пазари, меѓу кои се Кина, Германија и Австралија.

„Surface Pro 3“ е најнапредниот таблет досега на „Microsoft“. Доаѓа со 12-инчен екран, неколку „CPU“ конфигурации кои одат до „Core i7“ моделот, 8GB RAM и максимален простор за складирање на податоциод 512GB.

Кога цените се во прашање, во зависност од моделот, тие се движат и до 2000 долари.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП