28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовата Alfa Romeo најверојатно ќе биде моделот Giulia

Новата Alfa Romeo најверојатно ќе биде моделот Giulia

gula alfa

Серџо Маркионе потврди дека новиот модел, најверојатно „Giulia“, ќе биде претставен на 24-ти јуни наредната година, кога овој производител ќе прослави 105 години од своето постоење. Ова возило за прв пат беше забележано за време на тестирањата кои беа направени пред две недели.

Со кодното име „Tipo 952“, овој модел ќе биде првиот во рамките на брендот кој ќе биде базиран на новата архитектура.

Станува збор за платформата „Giorgio“ која е развиена од стана на компанијата „Maserati“ и ќе биде користена во рамките на идните „Chrysler“ и „Dodge“ модели. Се претпоставува дека моделот „Giulia“ ќе биде понуден со голем број на четирицилиндарски дизел и бензински мотори.

Исто така во план е и „GTA“ верзија која ќе ја одликува 3.0-литарски „twin-turbo“ мотор на „Maserati“ кој развива 480 – 520 ks излезна моќ, а се претпоставува дека ова ќе биде уште еден модел со погон на задните тркала, „dual-clutch“ трансмисија и диференцијал за ограничено пролизгување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП