9 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИDell го подготвува најтенкиот таблет во светот

Dell го подготвува најтенкиот таблет во светот

dell tenok tablet

На овогодинешниот „IDF14“ (Intel Developer Forum) настан стануваше збор и за идниот „Android“ таблет кој покрај „Venue 8 7000“ ќе го има и потписот на „Dell“.

Станува збор за таблет кој ќе го тргне од претстолот таблетот „Sony Xperia Z2“ кога станува збор за дебелината на куќиштето. Имено новиот „Venue 8 7000“ ќе има дебелина од само 6.1 милиметар, што ќе биде сосема доволно од „Xperia Z2“ да ја превземе титулата за најтенок таблет во светот.

Бидејќи таблетот „Venue 8 7000“ на пазарот треба да пристигне дури за божиќните празници, од „Intel“ и „Dell“ несакаа да откријат повеќе детали. Познато е само дека таблетот ќе има „OLED“ екран со дијагонала од 8.4-инчи и „QHD“ резолуција (2560 x 1600 пиксели, 359 ppi), како и дека главно ќе биде базиран на технологиите на „Intel“. Според достапните фотографии на интернет страната на „Dell“ може да се забележи дека куќиштето на таблетот ќе биде изработено од метал.

Имено покрај процесорот „Intel Atom“ од серијата  „Z3500 Moorefield“, таблетот ќе биде опремен и со „Intel RealSense 3D“ камера. Што се однесува до оперативниот систем, единствено е познато дека ќе биде „Android OS“, но не и во која верзија. Постои мала можност новиот таблет „Venue 8 7000“ да пристигне со „L“ верзијата на „Android“ која „Google“ би требало и официјално да ја претстави.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП