3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗМожниот изглед на моделот Q1

Можниот изглед на моделот Q1

audi q1 render nov

Веќе се познати плановите на „Audi“ за претставување на „Q1“ моделот во декември, а сега се појави и компјутерска фотографија која најавува како овој кросовер би можел да изгледа.

Атрактивниот кросовер на фотографијата ги поседува традиционалните линии на овој производител. Возилото има истакната решетка со карактеристични фарови.

„Audi“ се уште е мистериозен кога станува збор за спецификациите на овој модел, а од претходно беше познато дека би можел да биде опремен со богат избор на бензински и дизел мотори, вклучувајќи ги 1.4-литарскиот „TFSI“со 140 KS и 250 Nm вртежен момент, 1.8-литарскиот „TFSI“ со 180 KS и 280 Nm вртежен момент, 2.0-литарскиот „TFSI“ со 230 KS и 370 Nm вртежен момент, 2.0-литарскиот „TDI“ со 150 KS и 320 Nm вртежен момент и 2.0-литарскиот „TDI“ со 184 KS и 380 Nm вртежен момент.

Постојат претпоставки за тоа дека верзијата „SQ1 TDI“ ќе има „twin-turbo“ 2.0-литарски „TDI“ мотор кој развива 231 „коњски сили“ и 500 Nm вртежен момент. Во случај тоа да не е доволно, на врвот на понудата можеби ќе се најде „RS Q1“со 2.0-литарски „TFSI“ четирицилиндарски мотор кој произведува 300 „коњски сили“ и 380 Nm вртежен момент.

Според информациите цената за„Audi Q1“ во Германија би требало да изнесува 25.500 eвра.

„Q1“ инаку е еден од 11-те целосно нови модели на „Audi“ кои се планирани до 2020-та година, а кои би требало да му помогнат на „Audi“ годишното производство до таа година да достигне 2 милиони возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП