28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИРекордни резервации за iPhone 6

Рекордни резервации за iPhone 6

iphone_6_release_date

Од „Apple“објавија дека добиле рекорден број резервации за новиот паметен телефон „iPhone 6“. Од компанијата сепак не прецизираа колкав е точниот број.

За однапред да го порачате поголемиот телефон, „iPhone 6 Plus“, ќе треба да почекате меѓу три и четири недели за него. Времето за испорака за помалиот „iPhone 6“ вчера беше една недела, иако стоковите резерви кај некои мобилни оператори во САД почнуваат да завршуваат.

Врз основа на направените нарачки, најпопуларни верзии биле 16-гигабајтниот во златна и сребрена боја и 128-гигабајтниот во сива. Најмалку нарачувани пак се 128-гигабајтниот во златна боја и 16-гигабајтниот во сива.

„Apple“ и повеќето мобилни оператори ги пуштија во продажба телефоните во првите часови на вчерашниот ден, иако нивните сајтови имаа многу проблеми од приливот на луѓе кои сакаа да си го резервираат новиот уред.

Побарувачката на новите телефони „iPhone“ е поголема во споредба со секоја од претходните две генерации, изјавил портпаролот на „AT&T“.

Дебитантската продажба на „iPhone“ се зголемува со секој нареден модел. Во првиот викенд по пуштањето на нивните телефони „iPhone“ 5s и 5c беше 9 милиони уреди. Додека деби продажбата на „iPhone 5“ беше 5 милиони примероци за првите три дена. Продадените телефони во првите денови по неговото пуштање на „iPhone 4s“ беа 4 милиони примероци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП