19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗCadillac ќе ги нападне европските ривали на нивни терен

Cadillac ќе ги нападне европските ривали на нивни терен

cadi ka

Иако „Cadillac“ нема многу успех во борбата со европските премиум производители на домашниот, американскиот пазар, овој производител одлучи да ја тестира својата среќа и да ја прошири понудата на свои модели во Европа.

„Cadillac ATS Coupe“, кој имаше европска премиера на саемот во Женева, во продажните салони во Европа ќе пристигне во октомври. Таму ќе го дочекаат силни натпреварувачи, како што се „Audi A5“ и „BMW Serieѕ 4 Coupe“.

„ATS Coupe“ ќе биде понуден со 2.0-литарски четирицилиндарски турбо-бензинец кој произведува 276 ks (203 kW), помеѓу 3.000 и 4.600 o/min, и 400 Nm. „Cadillac“ тврди дека 90 проценти од максималниот вртежен момент е достапен во распон од 2.100 до 3.000 o/min.

Автомобилот стандардно ќе биде во понуда со заден погон, додека погонот на сите четири тркала ќе биде достапен како опција.

Новата генерација на „SUV“ моделот „Escalade“, кој во продажните салони пристигнува кон крајот на годината, под хаубата ќе има 6.2-литарски „V8“ мотор со 426 ks (313 kW) и најголем вртежен момент од 623 Nm.

За прв пат „Escalade“ во Европа ќе биде достапен во продолжена „ESV“ верзија, а автомобилот стандардно е опремен со „Magnetic Ride Control“ системот за суспензија и „CUE“ мултимедијалниот систем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП