1 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook тестира „самоуништувачки“ пораки

Facebook тестира „самоуништувачки“ пораки

Social Media Opinions

„iOS“ апликацијата за „Facebook“ на некои корисници им овозможи по одредено време (од еден час, па се до седум дена) да ги избришат објавените пораки/статуси.

Не е посебна тајна дека „Facebook“ веќе некое време е „опседнат“ со „Snapchat“, кој на корисниците им нуди сличен начин на комуницирање (уништување на испратени пораки, фотографии и друго по одредено време).

Порталот „The Next Web“ од портпаролот на компанијата доби податок дека „Facebook“ навистина ја тестира оваа опција, но само кај многу мал број на корисници на „iOS“ апликацијата. Корисниците кои имаат пристап до таа можност на нивните „iPhone“ и „iPad“ уреди можат да го закажат бришењето на некој статус, иако на серверите на „Facebook“ тие ќе може да се видат уште некое време (до 90 дена).

Ова не е прв обид на компанијата во сегментот на пораки со ограничен „рок на траење“, слично на тоа што го нуди „Snapchat“, или дури „невообичаени можности“ поврзани со комуницирање. Апликацијата на компанијата – „Slingshot“ е се повеќе активна, а нуди поделба на моменти со повеќе луѓе истовремено за „iOS“ и „Android“ платформите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП