2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАДваесет и еден интересен факт за Интернет и технологија

Дваесет и еден интересен факт за Интернет и технологија

int

Јасно ни е дека Интернетот завладеа со нашите животи, потребен ни е во работата, во комуникацијата со другите луѓе, а се почесто и во моментите на релаксација, и не е изненадување дека информацијата станува темел на нашата колективна иднина.

 

Прочитајте некои од интересните факти за Интернетот и технологијата кои би можеле да ве изненадат:
1. На eBay секоја секунда во просек се одвиваат трансакции вредни 680 долари.

2. Дури 91% од возрасните жители ги држат своите телефони на дофат на рацете 24 часа дневно.

3. Постојат седум милијарди луѓе на планетата, четири милијарди користат мобилни телефони, а само 3,5 милијарди користат четка за заби.

4. Компаниите Hewlett Packard, Microsoft и Apple имаат една, не така очигледна, заедничка работа, а тоа е дека своите бизниси ги започнале во гаражи.

5. Околу 25 проценти од американското население сурфа по Интернет само по пат на паметни телефони.

6. Секоја минута на ЈуТјуб се аплодираат повеќе од сто часа видео материјали од страна на индивидуални корисници.

7. Само во САД постојат повеќе од 271 милиони мобилни претплатници и таа бројка забрзано расте.

8. 220 милиони тони стари комјутери и други застарени технологии во САД завршуваат во отпад секоја година.

9. 90 отсто од текстуалните пораки се прочитани во рок од три минути откако се доставени.

10. 30 милиони луѓе гледаат телевизија на нивните мобилни телефони.

11. Просечен 21-годишник потрошил пет илјади часа од животот играјќи видео игрици, испратил 250.000 илјади мејлови и пораки и поминал десет илјади часа само користејќи го мобилниот телефон.

12. Првиот персонален комјутер го произведе фирмата BerkeleyEnterprises во 1950 година, а тогаш е продаден за 300 долари.

13. Поминаа 40 години од првиот успешен повик направен прекумобилен телефон.

14. Во просек, корисниците на технологијата зад себе имаат 2,9 технолошки справи во секој момент.

15. Секој ден се испраќаат по 350 милиони пораки по пат на „snapchat“ апликацијата.

16. Од основање на компанијата, Фејсбук имаше 144,7 милиони поединечни посетители, што го направи убедливо најпосетената социјална мрежа од јуни 2013 година.

17. Секој ден се додаваат нови 500 апликации на Windows Phone Store.

18. Првото компјутерско глувче го создаде Даглс Енгелбарт во 1963 година. Се состоеше од цврст дрвен оклоп и две големи метални тркала.

19. Од 60 милијарди е-пораки кои се испраќаат секојдневно, 97 отсто се спам пораки.

20. Првиот мобилен телефон кој е продаден во САД беше Motorola Dina TAC 8000Ks во април 1984 година и тежел два килограми.

21. Човекот познат како татко на Информатичката теорија, Клод Шенон, изумил дигитален склоп-темел „магија“ која на сите нас ни обезбедува пристап до Интернет – за време на неговите мастер студии кога имал само 21 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП