18 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИAmazon значително ја намали цената на Fire Phone

Amazon значително ја намали цената на Fire Phone

Amazon Fire Phone

По претставувањето на првиот смартфон на „Amazon“ – „Fire Phone“, на пазарот се забележани лоши продажни резултати. На крајот на август „Fire Phone“ држеше само 0,015% удел на американскиот пазар со 26.400 продадени примероци.

Поради тоа компанијата одлучи да ја промени својата продажна стратегија со драстично намалување на цената.

Цената на „Fire Phone“ со двегодишен договор со телекомуникацискиот оператор „AT&T“, наместо досегашните 199 долари, сега изнесува помалку од 1 долар (поточно 99 центи).

Исто така цената на уредот во слободна продажба без обврска кон некој оператор е намалена за 200 долари, па таа сега изнесува вкупно 449 долари.

„Amazon“ има во план да ја прошири продажбата на „Fire Phone“ во Европа, поточно на пазарите во Велика Британија и Германија каде ќе започне да се продава на 30-ти септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП