25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHonda во Париз ќе го претстави новиот HR-V

Honda во Париз ќе го претстави новиот HR-V

honda hrv

Осум години откако заврши производството на оргиналниот „Hondа HR-V“, јапонскиот производител на европската публика ќе и претстави наследник на овој компактен кросовер.

Иако на саемот за автомобили во Париз ќе биде изложен „HR-V“ со ознаката „Prototype“, станува збор за практично предпродукциски автомобил кој значително нема да се разликува од идната сериска верзија.

Со оглед дека новиот „HR-V“ веќе е претставен во Јапонија (под ознаката „Vezel“), но и во САД, дизајнот на автомобилот останува непознат.

Јапонскиот производител тврди дека „HR-V“, иако е релативно мал автомобил, ќе има простран и функционален ентериер благодарејќи меѓу останатото и на модуларните „Magic Seat“ седишта кои овозможуваат бројни конфигурации на седење.

honda hrv1

Како и кај „Hondа Civic“, резервоарот за гориво ќе биде преместен под предните седишта, па така е големена зафатнината на багажникот и спуштената позиција на задната клупа. Задните седишта можат целосно да се преклопат со што ќе се добие рамен под, што е погоден за транспорт на кабасти и големи предмети.

„Honda“ засега не објави повеќе детали за европската верзија на моделот „HR-V“. Се очекува дека меѓу погонските единици ќе се најде четирицилиндарски 1.5-литарски бензинец со директно вбризгување, кој произведува 132 ks (97 kW) и 154 Nm максимален вртежен момент, како и 1.6-литарски турбо-дизел.

По октомвриската премиера, „Honda HR-V“ би требало да пристигне на европскиот пазар во почетокот на 2015-та, кога ќе биде позната и цената на овој автомобил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП