26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung Galaxy S5 Active пристигнува во Европа

Samsung Galaxy S5 Active пристигнува во Европа

activ sams galaxy

„Samsung Galaxy S5 Active“ прв пат се појави на американскиот пазар во текот на мај, но овој уред наскоро пристигнува и на европскиот пазар.

Станува збор за посебна верзија на паметниот телефон „Galaxy S5“ кој покрај тоа што е отпорен на влијанието на вода и прашина според сертификатот „IP 67“, тој има и зајакнато пластично куќиште кое е во состојба да издржи пад од висина од 1 метар, високи температури, влага и висока надморска висина (US Mil-STD 810G  сертификација).

Спецификациите на уредот се идентични како оние кои се наоѓаат кај моделот „Galaxy S5“. Тоа се 5.1-инчниот „Full HD Super AMOLED“ екран, четиријадрен „Snapdragon 801“ процесор со такт од 2,5 GHz, 2 GB работна меморија, 16 GB слободен простор за чување на податоци кој може да се прошири со „microSD“ картичка, 16-мегапикселна задна камера, сензор за отчукувања на срцето, како и батерија со моќ од 2800 mAh.

Не е вграден сензорот за отисок на прстите, наместо него постои дополнително копче за побрз пристап до опцијата „Activity Zone“ која вклучува компас, барометар, светилка и стоперка.

„Samsung Galaxy S5 Active“ во Европа ќе се продава по цена од 629 евра и во зелена и сива боја, но засега не е познат точниот датум за старт на продажбата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП