2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАApple ги претстави новиот iPhone 6 и Apple Watch

Apple ги претстави новиот iPhone 6 и Apple Watch

n iphone

„Apple“ го претстави новиот „iPhone 6“ и паметниот часовник „iWatch“. Компанијата се залага за поголеми екрани за двете нови верзии на смартфонот, кои го претвораат него и часовникот во дигитални паричници.

Новите верзии се нарекуваат „iPhone 6“ и „iPhone 6 Plus“. Основната разлика помеѓу нив е големината на екранот. „iPhone 6“ ќе користи 4.7-инчен екран со „Retina HD“ екран кој има резолуција од 1334х750 пиксели. „iPhone 6 Plus“ е со 5.5-инчен екран и „Full HD“ резолуција. Куќиштето е од алуминиум, но стаклото на екранот не е сафирно, како што се очекуваше, туку е „зајакнато“.

Поголемата резолуција дава и повеќе можности за „iPhone 6 Plus“. При користење на телефонот во хоризонтална ориентација, ќе има повеќе простор за апликациите, слично на „iPad“. За таа цел, сепак програмерите прво ќе треба да ги променат апликациите. До тогаш вистински промени нема да има, со исклучок на функцијата „Reachability“. При двоен допир на почетното копче, екранот ќе има слајд надолу и ќе го олеснува користењето на горните делови на интерфејсот без употребата на прстите или преместување на дланката.

Хардверски, очекувана новина е и процесорот „A8“ кој е помоќен за 25% од својот претходник. Според „Apple“, новиот графички процесор е 50% подобар од чипот на „iPhone 5s“. Чипсетот е и 50% повеќе енергетски ефикасен. „iPhone 6“ е со дебелина од 6.9мм, што го прави најтенкиот модел досега. Сепак не се брои издадената камерата на задниот панел, која исто така е новина за серијата. Дебелината на „iPhone 6 Plus“ е 7.1мм. Батеријата е малку зајакната, за да ги дава приближно истите резултати, но со некое подобрување. Природно кај „iPhone 6 Plus“ ќе има малку опипливо подобрување, поради поголемиот простор кој овозможува користење и на поголема батерија.

n iphone1

Надграден е и интелигентниот чип „M8“, кој веќе има и барометар. Преку „M8“ се вршат сите пресметки на сензорите на уредот, за да не се оптоварува „А8“. Најпосле „iPhone“ ќе го користи и новиот стандард „WiFi 802.11ac“ со поддршка на „WiFi Calling“, со што „Apple“ го надополнува изгубеното во споредба со конкуренцијата.

Камерата е со 8МР сензор, кој е целосно нов, според зборовите на компанијата. Ќе има двоен блиц, побрз автофокус и подобрено намалување на бучавата во сликите. Панорамските слики ќе можат да стигнат до 43 МР. Помалиот телефон има дигитална стабилизација на сликата, но „iPhone 6 Plus“ ќе користи механички систем. Видео клиповите ќе се со „Full HD“ резолуција со опција за 30 или 60 кадри во секунда. Ќе има и режим за бавно движење со 240 кадри во секунда и систем за стабилизација на видео снимката.

Се разбира, ставен е акцент и над „селфи“ фотографиите. Предната камера ќе има неколку различни начини на вршење на „селфи“ и подобрување на нивниот квалитет. Камерата пропушта 81% повеќе светлина и користи нов сензор, но мегапикселите не се зголемуваат.

Оперативниот систем на телефоните е „iOS 8“, кој беше претставена подетално во текот на „WWDC“ во јуни годинава. Дури компанијата го прескокна претставувањето на „iOS 8“ и не посвети особено внимание на платформата, бидејќи нема никаква нова доработка. За сметка на тоа еден од раководителите на компанијата, Фил Шилер, најави дека „Ова се најдобрите телефони направени досега“.

n iphone2

„Apple“ стави акцент и на мобилното плаќање. Според Тим Кук во моментов системите за плаќање не се безбедни и се потпираат на ранливи бројки. Самите кредитни картички и магнетните ленти не се сигурни и никој досега не успеал да ги поправи, коментира Кук. Системот на „Apple“ се нарекува„Apple Pay“. Преку „NFC“ и сензорот за отпечатоци „Touch ID“ ќе може да се врши безготовинско плаќање, додека трговецот треба да располага со соодветен читач. Преку „Passbook“ ќе можат да се додадат уште карти и тие ќе се чуваат таму.

Смартфоните ќе се нудат во три бои – сива, бела и црна. За сега нема да има „златен“ модел. Новина е тоа што конечно ќе има верзија со 128GB вградена меморија. Цените се задржуваат непроменети, па„iPhone 6 Plus“ ќе е поскап за 100 долари. Продажбата почнува во САД на 19-ти септември, а подоцна и во останатите земји. До крајот на годината „iPhone“ ќе се најде во 114 држави. На 17-ти септември, пак, ќе биде пуштен „iOS“ за симнување од сегашните „iPhone“ уреди.

n iphone3

Очекувано деби направи и „iWatch“, кој според компанијата е целосно нов производ и ќе покаже што луѓето да очекуваат од оваа категорија. Всушност „iWatch“ се нарекува„Apple Watch“ и наликува на „Samsung Gear“. Главен фокус на часовникот ќе биде спортот, а ќе ги следи здравствените индикатори и достигнувања за време на вежбањето.

Според Кук часовникот ќе издржува цел ден без проблем и ќе може да се искористи. Се разбира, има интеграција со „iPhone Siri“ и другите апликации на компанијата. Екранот е осетлив на допир и е со сафирно стакло, без копчиња на предниот панел, туку има на страните на екранот. Слично како конкурентските уреди, „Apple Watch“ ќе е отпорен на вода. Нема „GPS“, а има функција за безжично полнење.

„Apple Watch“ ќе се нуди и со бројни отстранливи ремени, вклучувајќи метални, пластични, силиконски и кожени. Часовникот ќе има три верзии – „Apple Watch“, „Apple Watch Sport“ и „Apple Watch Edition“. Првите два ќе се разликуваат по големината на екранот. „Watch Edition“ пак ќе е направен од 18-каратно злато.

Продажбата ќе започне на почетокот на следната година. Најниска цена ќе биде 350 долари. Златната верзија за сега останува со ненајавена цена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП