25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗJaguar XE - нова луксузна компактна лимузина (фото+видео)

Jaguar XE – нова луксузна компактна лимузина (фото+видео)

xe

Гамата на „Jaguar“ е побогата за уште еден модел кој ќе се бори за приматот на многу конкурентниот и профитабилен пазар на кој доминираат „BMW Serieѕ 3“, „Audi A4“ и „Mercedes C сlasѕ“.

Во Лондон вчера беше претставен новиот модел на „Jaguar“, компактниот седан XE:

Дизајнот на автомобилот претставува комбинација на конзервативна лимузина и спортски линии, карактеристични за купе.

Како од „Jaguar“ да сакаат со тоа да привлечат што поголема целна група на купувачи, од традиционалните, нешто постарите клиенти, па се до младите купувачи.

Сепак тие играа на сигурно, па така „XE“, а особено на предниот дел на автомобилот, посетува на поголемата лимузина на „Jaguar“, моделот „XF“.

xe1

Ниту во кабината многу не се експериментираше. „Jaguar“ обајави фотографии од верзијата „XE S“, па така енериерот покрај дозата на елеганција има и спортска нота.

Компанијата соопшти дека на купувачите ќе им биде достапен широк избор на материјали и украсни елементи од алуминиум и дрво.

„Jaguar“ уште претходно се пофали со новиот мултимедијален уред „InControl“, кој имаше премиера токму на моделот „XE“.

xe2

Системот меѓу останатото овозможува поврзаност со смартфон уредите кои работат на „Apple“ и „Android“ платформите.

Новина е револуционерниот „head-up“ дисплеј кој во текот на возењето ги прикажува неопходните информации така што ги проектира на шофершајбната.

„Jaguar XE“ е поставен на новата лесна модуларна платформа, а 75 проценти од конструкцијата е изработена од алуминиум.

xe3

На возачот ќе му бидат достапни бројни електронски системи за асистенција, како системот за препознавање на сообраќајните знаци, уреди кои предупредуваат на возила кои доаѓаат од позади, систем за автоматско сопирање со цел да се спречи незгода или минимализиранње на последиците од неизбежниот удар.

„Jaguar“ при презентацијата најмногу внимание посвети на верзијата „XE S“. Овој модел има 3.0-литарски „V6“ бензински мотор со компресор, кој произведува 340 ks (250 kW) и 450 Nm максимален вртежен момент.

xe4

Во пар со осумбрзинскиот автоматски менувач, моторот е во состојба возилото тешко еден тон да го придвижи од место до „стотка“ за 5.1 секунда, додека максималната брзина е електронски ограничена на 250 km/h.

„Jaguar XE“ ќе биде достапен и со послаб, четирицилиндарски 2.0-литарски бензинец и дизел мотор, а најновите спецификации ќе бидат соопштени на претстојниот  саем во Париз. Компанијата откри дека дизел верзијата ќе биде значително економична со просечна потрошувачка од 3,7 l/100 km и емисија на јаглерод-диоксид од 99 g/km.

xe5

Новиот „Jaguar“ ќе има премиера на саемот за автомобили во Париз, на почетокот на октомври, а во продажните салони ќе пристигне во првата половина на 2015-та, кога ќе биде позната и неговата цена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП