8 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПристигнува најскапата игра во историјата (видео)

Пристигнува најскапата игра во историјата (видео)

Destiny2222

Доаѓа пресвртница во светот на масивни мултиплеер онлајн игри, која би можела веднаш по пуштањето во употреба да привлече дури 10 милиони корисници. Станува збор за компјтерската игра „Destiny“.

Вторник е „Денот Д“ за компјутерската игра со најскап буџет досега, кој изнесува 500 милиони долари. Тоа е играта „Destiny“, која е од видот „MMORPG“ и која ја создаде компанијата „Bungie“.

Тоа е вид на „sci-fi“ компјутерска игра, чија приказна е сместена 700 години во иднината и чиј заплет е таков да играчите ја спасуваат човековата раса од вонземјани, кои сакаат да не истребат, пишува „Guardian“.

Дизајнерот од компанијата „Bungie“, Дерек Керол, изјави дека вистинскиот нагласок е ставен на социјалната компонента на играта и самиот свет на играта ќе се разликува од останатите „MMORPG“ игри кои се достапни на гејминг пазарот.

„„Destiny“ е најголемата игра на која лично сум работел или било кој друг“, вели Керол.

Целта на играта е да се штити Сочневиот систем од напад на вонземјани, а бојните полиња покрај Земјата се и Венера, Марс и Месечината.

„Destiny“ ќе може да се игра исклучиво преку интернет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП