14 јули, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКлоп го менува Ван Гал!?

Клоп го менува Ван Гал!?

van sit

Атрактивниот тренер на Борусија Дортмунд, Јирген Клоп станал објект на „сериозен интерес“ од страна на Манчестер Јунајтед, информира „Daily Express“.

Раководството на англискиот клуб не е задоволно од работата на сегашниот тренер Луис ван Гал, кој застана на чело на тимот ова лето и потроши повеќе од 150 милиони фунти за трансфери.

Претходно беше објавено дека германскиот тренер нема намера да ја напушти Борусија и дека преферира да преземе шпански клуб, отколку англиски.

На Островот, сепак шпекулираат дека при „доволно солидна“ понуда, дури и стратег како Клоп нема да биде во можност да ја одбие.

Се очекува развојот на ситуацијата да биде познат до почетокот на следната недела, но останува да се види што навистина ќе се случи во редовите на „црвените ѓаволи“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП