18 јуни, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАВнимавајте: Еве како Facebook може да ви го „ограби“ телефонот!

Внимавајте: Еве како Facebook може да ви го „ограби“ телефонот!

krazba fb

„Facebook“ неодамна во своите мобилни апликации овозможи автоматско пуштање на видео клипови во „news feed“. Иако оваа функција на некои корисници добро ќе им дојде, повеќето сепак ќе направат големи сметки за телефон, затоа што е потврдено дека троши голема количина на податоци за пренос.

Портпаролот на компанијата „Facebook“ изјави дека се обиделе видео снимките да трошат што е можно помалку податоци за пренос, што сепак и не е случај, но за среќа оваа опција може да се исклучи во само неколку чекори.

Доколку користите „iPhone“ се што треба да сторите е да одите во „Settings“, да го пронајдете „Facebook“ и да ја отворите таа опција. Потоа одете во „Settings“, па „Auto-play“ и одберете ја опцијата „Off“ или „Wi-Fi only“.

krazba fb1

На „Android“ уредите отворете ја апликацијата „Facebook“, одете на подесувања, кликнете „App Settings“, а потоа одберете ја опцијата „Wi-Fi only“ или „Off“.

krazba fb2

На овој начин ќе бидете сигурни дека на крајот на месецот нема да добиете „изненадување“ во вид на преголема сметка за вашиот мобилен телефон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП