4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMidual мотор вреден 185.000 долари

Midual мотор вреден 185.000 долари

luksuz-motor-midual-skupo_99

Францускиот производител на мотоцикли „Midual“ најави лансирање на нов „high-end“ мотор, кој не е толку наменет за љубителите на адреналин, туку веќе за оние кои уживаат во луксузното возење.

„Midual Type 1“ доаѓа со 1036 cc „flat-twin“ мотор кој има 104 коњски сили и 100Nm вртежен момент. Алуминиумскиот рам го држи горивото, а суспензијата доаѓа од „Ohlins“: „FGRT“ вилушка од 43mm и TTX 36. Шасијата е креирана од страна на француска авио-ливница и претставува производ на кој се посветени илјада часа развој и дизајн.

Како што споменавме на почетокот, овој нов мотор делува многу удобно за возење и како соодветна играчка за опуштените возачи со малку подлабоки џебови. Цената на моторот „Midual“ е 185.000 долари, колку што чинат и некои луксузни и ексклузивни модели на автомобили.

Сепак, сигурни сме дека поединци без многу размислување можат да ја одвојат оваа сума на пари за ваква играчка. Првите испораки на овој луксузен мотор се закажани за 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП