И компанијата „Asus“ се вклучи во трката за освојување на пазарот на паметни часовници, па на „IFA“ саемот во Берлин го претстави својот првенец под името „ZenWatch“.
Овој паметен часовник се разликува од останатите со својот закривен коцкаст екран, како и дизајнот кои изгледа далеку поелегантно во однос на повеќето други модели. Часовникот има кафена кожна нараквица и екран со дијагонала од 1.63 инчи и резолуција од 320 x 320 пиксели, а е заштитен со „Gorilla Glass 3“ стаклото.
Овој уред работи на процесорот „Snapdragon 400“ со такт на работа од 1.2 GHz во комбинација со 512 MB RAM меморија. Паметниот часовник има сензор за мерење на отчукувањата на срцето, а е отпорен и на вода.
Цената на „Asus ZenWatch“ ќе биде околу 199 евра.