24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHuawei го претстави фаблетот Ascend Mate7

Huawei го претстави фаблетот Ascend Mate7

novi hu

Кинескиот производител на паметни телефони „Huawei“ претстави два нови модели за време на саемот во Берлин.

Едниот е долго очекуваниот 6-инчен фаблет „Ascend Mate7“ кој цели да е директен конкурент на популарниот „Galaxy Note 4“. Фаблетот е со осумјадрен процесор. Тој е составен од четири јадра на процесорот „А7“ со фреквенција од 1,3 GHz и четири јадра од „А8“ со фреквенција од 1,8 GHz. Така секојдневните функции извршени во 80% од времето при употреба на смартфоните, ќе се спроведуваат од послабите процесори, што ќе доведе до 50% заштеда на батеријата.

novi hu1

Главната карактеристика на моделот е неговиот дизајн. Над 95% од трупот на смартфонот е метален, па така тој тежи само 185 грама. Фаблетот располага со 13 мегапикселна камера и HD дисплеј кој користи технологија која штеди батерија.

Предната камера е од 5 мегапиксели. Верзијата со 16 GB внатрешна меморија и 2 GB RAM меморија ќе се продава за 499 евра, додека моделот со 32 GB меморија и 3 GB RAM меморија ќе се продава за 599 евра. И двете верзии на моделот ќе се појават на пазарот во третиот квартал на годината.

novi hu2

Заедно со фаблетот од највисока класа, кинескиот производител претстави и нов буџетски фаблет. Тој се нарекува „Huawei Ascend G7“ и е со 5.5-инчен екран со резолуција од 1280 x 720 пиксели и 267 пиксели на инч. Моделот располага со „quad-core“ процесор „Cortex-A53“ со фреквенција 1.2GHz, 2GB RAM меморија и оперативниот систем „Android 4.4“.

Тој е со 13-мегапикселна задна камера и 5-мегапикселна предна камера. Дебелината му е едвај 7,6 мм, а уредот тежи само 165 грама. Моделот е со LTE-можности и двојна антена за обезбедување на подобар прием.

Цената на овој уред ќе е само 299 евра и ќе почне да се нуди во Германија, Италија, Шпанија, Данска, Унгарија, Холандија, Турција, Полска, Норвешка, ЈАР и Мексико пред да излезе на останатите пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП